Необичен инцидент се случи вчера на хрватското приморје, а видеото од настанот се шири на социјалните мрежи.
Имено, маж висел на рампата на траектот „Петар Хекторовиќ“ кој излегувал од пристаништето.
Тој, како што изгледа од видеото, бил подготвен за на плажа, дури имал и пешкир преку рамо.
Според информациите од компанијата сопственик на траектот, човекот немал билет.
„Станува збор за патник кој се обидел да се качи на траектот без билет уште додека траектот излегувал од пристаништето. Откако бил информиран за патникот на рампата, екипажот брзо интервенирал за да спречи развој на уште поопасна ситуација за патникот“, соопштија од компанијата.
View this post on Instagram
На видеото имаше голем број коментари за овој настан, од кои некои се: „Кога доцниш на траект, а девојка те чека“ , „Пливај сине, пливај. Љубовта нема граници“, „Можно ли е?!“.