При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица

Бесправно-изградиле-хотелски-комплекс-деловни-објекти-и-базен-кривични-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца скопјани се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена дрога.


„На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана“, информира МВР.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK