Најмалку 10 лица загинаа, а 42 се повредени во страшната несреќа во петокот кога автобус удри во средишниот столб на мостот во бразилската држава Сао Паоло, соопшти државната влада.
Според локалните власти, несреќата се случила нешто по полноќ по локално време, во близина на градот Итапетининг, на околу 170 километри западно од главниот град на државата Сао Паоло.
🚨🇧🇷 Accidente en la carretera SP-127, en Itapetininga, que cobró la vida de 10 personas y dejó heridas a más de 40. pic.twitter.com/X3ZLN6L0Aa
— productoresUY (@productoresUY) July 5, 2024
Автобусот бил на пат од Итапева до Апарецида, религиозен град познат по тоа што привлекува многу аџии во базиликата „Пресвета Богородица Апарецида“.
Повредените се префрлени во болниците во Итапетининга и во соседниот град Сорокаба, соопштија властите.