Северна Кореја не е баш туристичка дестинација, таа е затворена за остатокот од светот и луѓето немаат поим како изгледа секојдневието таму – затоа одекна видеото што еден турист го објави на TikTok.
Тој го посети градот Пјонгјанг и сними луѓе како шетаат по улиците и во метро станицата. Многумина во коментарите напишаа дека градот им изгледа како да е во деведесетите.
@skinnhandske People of Pyongyang, North Korea #northkorea #travel #traveltiktok #travelbucketlist ♬ Jacob and the Stone (Slowed) – Emile Mosseri & sped up + slowed
„Овој град изгледа многу мирно“, „Лудо е што не знаат што се случува надвор од ова“, „Не знаев дека можеш да снимаш овде“, напишаа луѓето под видеото кое брзо собра 3,5 милиони прегледи.
@skinnhandske Suburbs of Pyongyang, North Korea #northkorea #travel #traveltiktok #travelbucketlist ♬ God‘s promise – daniel.mp3
На туристите им е потребна виза за да ја посетат Северна Кореја и мора да следат различни правила. На пример, им е дозволено да фотографираат и снимаат само кога тоа им е дозволено, не смеат да го критикуваат режимот, а за се што е спротивно на правилата мора да се консултираат со туристички водич, пренесува Index.hr.
Северна Кореја, со која владее врховниот лидер Ким Џонг Ун, има и бизарни закони како што се забрана на жените да слушаат музика, да носат фармерки или да возат автомобили. Оние кои не ги почитуваат можат да бидат погубени, пишува Тајмс.