Започна реконструкција на спортската сала „Партизан“, а пуштен е во употреба и Булеварот до Граничниот премин Богородица.
Премиерот Христијан Мицкоски денес ја посети Општина Гевгелија, пришто истакна дека целта на Владата е да работи за граѓанитe.
Мицкоски најави дека очекува во август да почне и реализацијата на проектот за реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции.
„За овие последни 4 месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани. Истовремено од она кое што успеав да го добијам како информација од градоначалникот дека за следната година 2025 имаме доволен број на проекти за исто така финансиските средства кои што ќе бидат реалоцирани од централниот буџет да бидат истите и финансирани“, рече Мицкоски.
Македонија се сака со дела. Така ќе продолжиме да функционираме, додаде.