Македонија ја потпишала изјавата за повлекување на законот за странско влијание во Грузија

Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи ја потврди позицијата за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации.


„Во врска со објавите на медиумите во однос на Заедничката изјава во Советот за човекови права на Обединетите нации, иницирана од Литванија, со која се повикува Грузија да го укине законот за транспарентност на странско влијание, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ја повторува позицијата која и во текот на вчерашниот ден беше доставена како одговор на новинарско прашање, дека Северна Македонија ја дели загриженоста на ЕУ којa се однесува на споменатиот закон, што е впрочем наша принципиелна позиција и за слични закони во други држави“, велат од МНР.

Соодветно, додава Министерството, ја поддржуваме и заедничката изјава на Литванија дадена во име на група земји, на која се придруживме и која e објавена на официјалната страница на Советот за човекови права, што е вообичаена пракса.

Законот бара медиумите и невладините организации и другите непрофитни организации да се регистрираат како „ги извршуваат интересите на странска сила“ доколку добијат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство. Владата во Грузија вели дека предлог-законот е неопходен за да се запре, како што смета, штетното странско влијание врз политиката на земјата и да се спречат неодредени странски актери да се обидат да ја дестабилизираат.

Опозицијата во таа земја го осуди предлог-законот споредувајќи го со „руски закон“, бидејќи Москва користи слична легислатива за сузбивање на независните медиуми, непрофитните организации и активистите кои го критикуваат Кремљ.

Земјите потписнички, освен отповикување на законот, ја повикаа владата во Тбилиси да ги запре процесите против новинарите, граѓанските активисти и другите граѓани коишто протестираа против донесувањето на законот и да се истражат сите случаи на насилство што беа применети против овие граѓани.

Во Грузија се регистрирани речиси 31.000 невладини организации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK