Мизрахи: Разрешени 9 од вкупно 14 економски директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени

ВМРО-ДПМНЕ-бара-продолжување-на-рокот-за-сослушување-експерти-и-функционери.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение, кажа Рашела Мизрахи, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.


„Денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, започна да се реализира, и таа гласи:

Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Имено, согласно оваа предвидена мерка и реформа, до сега се разрешени 9 од вкупно 14 економски директори во клиничките болници.

Овие 9 досегашни ВД директори не се повеќе на таа функција, а за останатите 5 директори очекуваме од Владата да пристигнат во Собранието, Предлог измените на Законот за здравствена заштита со кои што ќе се исполнат законските услови за нивно разрешување и укинување.

Со оваа мерка ќе добиеме оптимизација на здравствениот систем, зајакнување на јавното здравство, подобрување на функционалната организација на истото, елиминирајќи ги врзаните потписи и сивата зона на одговорност во рамки на здравствените установи. Истовремено ќе се намалат непотребните трошоци, а ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема. Ова ќе придонесе кон целосно подобрување на здравствената внатрешна и надворешна инфраструктура и здравствени услуги за сите граѓани.

Здравствената нега е од витално значење за сите нас во одредено време, но јавното здравство е од витално значење за граѓаните во секое време“, изјави Рашела Мизрахи, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK