„По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде срушен. Над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови да го поминуваат своето детство. 1800 метри квадратни ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба, а инвестицијата е над 100 милиони денари. Има и одредена симболика за овој објект“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
„Тука е мешана етничка средина, има дечиња и од македонска и од албанска национална припадност. Инвестициите во ваквата инфраструктура мора да бидат подеднакви затоа што подеднакво треба да се грижиме за решенија на проблемите кои ги засегаат сите граѓани.
Ова е време кога државата треба да прави за народот, затоа што долго време народот правеше за државата. Македонија треба да припадне во рацете на граѓаните.
Оваа градинка ви ја ветив пред изборите и еве ме на 8-миот ден од новата Влада редиме камен темелник на оваа градинка. Дарко, министерот, министрите и јас остваруваме уште едно ветување. На овој начин создаваме и си стоиме на зборот.
Образот нема цена. Исполнуваме за тебе, за сите граѓани. Нека е честито и да се сведочиме на уште многу убави работи“, истакна премиерот Мицкоски при поставувањето камен темелник на нова детска градинка во општината Бутел.