(Видео) Украинците објавија невидени снимки од преземањето на Змискиот остров

zmiski-ostrov-prezemanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досега невидени снимки објавени вчера од Украинската служба за безбедност (СБУ) покажува како киевските сили пред две години зазеле клучен пункт во Црното Море. Украинските сили, заедно со агентите на СБУ, „спроведоа уникатна и исклучително важна операција“ на Змискиот остров во јуни 2022 година, се вели во објавата на СБУ во Телеграм.


Московските воени авиони го гаѓаа Змискиот остров во првите часови од инвазијата, која започна на 24 февруари 2022 година. Украинските војници стационирани на островот добија култен статус кога одговорија со пцости на барањето да се предадат.

Судирите меѓу руските и украинските војници за Змискиот остров повторно се најдоа на насловните страници во јуни истата година. Украинците ја презедоа контролата на островот, додека Русите најавија дека ќе се повлечат од островот.

„Руските вооружени сили ги завршија задачите на Змискиот остров и се повлекоа“, изјави тогаш портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Видеото на СБУ покажува како украинските војници се приближуваат до Змискиот остров и пукаат во цели. Камерите покажуваат и војници како слетуваат на островот и се пробиваат низ срушените згради додека пукаат со оружје, пишува Њузвик.

Операцијата „се состои од неколку фази“, соопшти СБУ. Тие додадоа дека повторното заземање на Змискиот остров „било од стратешко значење, бидејќи оттогаш почнало постепеното движење на непријателот од Црното Море“.

Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка агенција (ГУР), претходно го опиша Змискиот остров како стратешки клучен од цивилни, комерцијални и воени причини. „Кој го контролира островот може во секое време да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци кон јужна Украина и да ја нападне западна Украина“, рече Буданов во средината на мај 2022 година.

Островот се наоѓа во близина на Романија во северозападниот дел на Црното Море. За време на војната, Украина ја ослабе руската Црноморска флота, која делумно оперира од руската база Севастопол, на западниот раб на анектираниот полуостров Крим.

Извештаите сугерираат дека Кремљ планира нова воена база во пристаништето Очамчире во Абхазија, отцепен регион на Грузија. Ова би ги ставило руските бродови уште подалеку од украинскиот брег. Западното разузнавање процени дека Русија веќе ја ограничила својата активност во северозападниот дел на Црното Море, преместувајќи ги своите бродови уште на исток во својата база во Новоросијск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK