Новите технологии се клуч на развојот на економијата

azeski_oecd_32423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седиштето на ОЕЦД во Париз беше преполно од претставници од јавниот и приватниот сектор од балканските земји

 


Министерскиот панел во рамки на конференцијата на високо ниво на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Југоисточна Европа, насловена „Поттикнување на конкурентноста, постигнување на конвергенција“ на кој учествуваше и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, ја потврди тезата дека во процесите на дигитализација, зелената агенда и циркуларната економија, почнувајќи од 2021 година, секоја земја бележи различен степен на напредок.  Тоа пред нас отвора сериозни обврски пред почетокот на пристапните преговори да направиме дополнителни напори за интензивирање на активностите, особено во еден момент во кој, со Планот за економски раст на ЕУ, се нуди поддршка и финансиска помош за имплементирање на овие вредности  без кои не е можно создавање на додадена вредност.

Претседателот Азески, кој учествуваше во дискусијата на министерскиот панел, истакна дека конференцијата покажа прецизност и јасност во изградените политики, и дека и приватниот сектор мора да сфати дека треба да партиципира со засилена инвестициона активност и нови вработувања,  што значи ставање во функција на сите можности кои значат зголемување на извозот, продуктивноста и конкуренцијата. Беше неверојатно позитивно оценета заедничката платформа изразена преку Стратегијата за паметна специјализација која се имплементира со помош и поддршка на земјите членки на ЕУ кои се наши помагачи во овој процес, како Словенија и Хрватска.

Сè на сè, една невообичаена дискусија за напредните алатки во интерес на компаниите, но и за зголемување на имплементационата моќ во земјоделието, енергетската ефикасност, ИКТ кои мора да претставуваат моторна сила на новиот развој.

Конференцијата на ОЕЦД за Југоисточна Европа во Париз, во  чиј фокус беше градењето перспектива за поттикнување на конкурентноста на Западен Балкан во 2024 година, ги собра високите претставници од ОЕЦД, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и бројни министри, заменици премиери и државни секретари од земјите на ЕУ и ЈИЕ кои ги истражуваа стратегиите за олеснување на социо-економската конвергенција на регионот на Југоисточна Европа кон стандардите на ЕУ и ОЕЦД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK