Конечен расплет во Е групата – Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

thumbs_b_c_82ac1c5980d966282a3fd150042ff84a.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најинтересна и најнеизвесна група пред последното коло од групната фаза на ЕП е групата Е. Во последната рунда сите селекции влегваат со по три бода.


Поради гол разликата на табелата води Романија (3:2), следуваат Белгија (2:1), Словачка (2:2) и Украина (2:4).

Не се знае кој ќе оди во нокаут фазата, но сигурно е дека од оваа група три селекции ќе се пласираат во осминафиналето. Јасно е дека победа на секоја селекција и гарантира место во Топ 16.

Доколку Романија и Словачка ремизираат, со по четири бода се сигурни во осминафиналето.

Се поставува прашањето што ќе се случи доколку двата натпревари завршат нерешено?

Првата опција нерешените резултати да бидат идентични или доколку Белгија и Украина ремизираат со помалку голови од Романија и Словачка, тогаш распоредот би изгледал вака: Романија, Белгија, Словачка, Украина. Односно Украинците би биле елиминирани поради најлошата гол-разлика.

Друга опција е Белгија и Украина да ремизираат со постигнати голови (1:1), а Словачка и Романија без голови, тогаш Белгијците би го зазеле првото место, пред Романија и Словачка.

Конечно, еве уште неколку клучни податоци за секоја репрезентација:

Романците сигурно ќе напредуваат доколку не загубат од Словачка, а ќе бидат први во групата доколку Белгија не ја победи и Украина. Романците испаѓаат само ако загубат од Словачка, а Украинците освојат барем бод со Белгија.

Белгијците исто така напредуваат ако останат непоразени против Украина, а исто така ќе бидат на чело на групата доколку победат и Словачка не успее да ги победи Романците. Белгијците можат да испаднат само ако загубат, а Романија го избегне поразот.

Словаците сигурно ќе одат понатаму ако ги победат Романците, а можат да ремизираат и да одат како третопласирана екипа. И Словаците можат да бидат први, но мора да победат и Украина да не ја победи Белгија. Словаците ќе бидат елиминирани доколку загубат, а Белгија остане непоразена.

Конечно, Украина сигурно ќе оди понатаму ако ја победи Белгија. Украинците можат да продолжат како трети доколку ремизираат со Белгија, но ако има победник на натпреварот Романија-Словачка. Украинците сигурно ќе испаднат ако загубат од Белгија и ако Словаците освојат барем бод.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK