Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината
– А1 Македонија и оваа сезона ги отвора вратите за најдобрите студенти за програмата A1 WayUp, кои добиваат исклучителна можност својата кариера да ја градат во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.
A1 WayUp е препознатлива програма што нуди одлична можност за младите да започнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите што ќе станат дел од тимот на А1, ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.