А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници

A1_uredi-na-rati_1800x660px-02
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK
  • На рати
  • Без камата
  • Без кредит
  • Во кое било време од договорот

– А1 Македонија, компанијата лидер во воведувањето иновативни и креативни понуди, оди чекор понатаму и воведува нов бенефит за сите пост пејд корисници кои сакаат дополнителен уред со што добиваат уште повеќе флексибилност и поголем избор.

Овој стратегиски потег на А1 македонија ја докажува посветеноста на компанијата да ги пресретне различните потреби на своите корисници и да помогне во задоволувањето на потребите за модерен животен стил.


Со оваа новина, А1 Македонија овозможува широк избор на уреди со иновативен пристап за плаќање со цел овие производи да станат уште подостапни до А1 корисниците. Имено, сите пост пејд корисници на услугите на А1 од денеска, ја добиваат ексклузивната можност, во кое било време од времетраењето на постоечкиот договор да направат избор на понудените уреди, при тоа да ги добијат без камати, на 24 месечни рати на веќе постојната телекомуникациска сметка што секако го прави раководењето на домашниот буџет многу поедноставно и пристапно за корисниците.

“Најавуваме нова ера во понудата на А1 Македонија со што корисниците вистински ќе пронајдат се што им е потребно на едно место и тоа по најповолни услови за нив. Флексибилните опции за избор и набавка на дополнителен уред се нашиот влог за нашите корисници кои добиваат можност да го градат посакуваниот животен стил, а при тоа да не бидат оптоварени со дополнителни трошоци”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.    

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK