Tриесет и едногодишен полицаец е тешко ранет во престрелка во Филаделфија, изјави полицискиот комесар, Кевин Бетел.
Бетел на прес-конференција рече дека полицаецот бил застрелан во вратот, и се наоѓа во критична состојба во Универзитетската болница Темпл и лекарите се борат за неговиот живот.
Овој ранет припадник на полицијата во Филаделфија, со повеќе од шест години служба и неговиот партнер, синоќа нешто пред 20 часот запреле автомобил со четири сомнителни лица, пренесува „АП“.
Полицајците забележале дека едно лице имало футрола за пиштол и тоа почнало да бега, пукајќи три пати кон нив, рече Бетел.
Партнерот на ранетиот офицер возвратил, но засега не е јасно дали пукал и полицаецот кој бил ранет.
„Осомничените за пукањето се во притвор“, рече Бетел.