Над 350 милиони евра е вредноста на отпишаните побарувања во банкарскиот сектор во изминатите 7 години, според анализите на ЕОС Матрикс Македонија. Голем дел од овие средства отпаѓаат на отпишани побарувања обезбедени со недвижности. Управувањето со нефункционални побарувања кои „врзуваат“ недвижности на иновативен и флексибилен начин со сигурност претставува финансиски инструмент со голем потенцијал, коj дава огромен придонес за зајакнување на економијата и раздвижување на финансискиот пазар.
„Нефункционалните пласмани обезбедени со недвижности имаат значаен потенцијал за економијата и постојат модели за нивно ревитализирање и искористување. Нашето досегашно искуство покажа дека со иновативни и експертски решенија овие пласмани добиваат нова вредност и преку нивна трансформација стануваат атрактивни за привлекување на нови домашни и странски инвестиции. За економија како нашата, од огромно значење е ревитализација на недвижностите кои инаку се заробени, бидејќи само така создаваат можност за инвестиции и креирање на нова додадена вредност, онаму каде што тоа не било можно со години. Оттука, сметам дека овој сегмент од финансискиот пазар допрва ќе се развива, а ние веќе имплементираме инструменти и пристапи кои докажано функционираат“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на „ЕОС Матрикс“.
„ЕОС Матрикс“ како дел од Групацијата ЕОС има пристап до експертиза и искуство од пазарите на повеќе земји во Европската унија. Со докажана експертиза во управувањето со побарувања од секој вид , во последните години на домашниот пазар активно нуди недвижности кои во себе носат голем потенцијал. Купувачите имаат предност, „ЕОС Матрикс“ работи во согласност со европските стандарди и нуди имоти без непредвидени ризици и трошоци, правејќи темелни проверки на секој поединечен случај. Недвижностите кои ги нуди „ЕОС Матрикс“ ги огласува на својата официјална веб страница mk.eos-solutions.com. Групацијата „ЕОС“ која има свои компании во повеќе од 20 земји во Европа има широко портфолио на инвестиции во недвижности, чија вредност достигнува 510 милиони евра. Според анализите, од „ЕОС Матрикс“ проектираат дека овој сегмент ќе се развива и ќе биде значаен на финансискиот пазар, во делот на управување со финансиските ризици. Преку моделот кој го применува компанијата, недвижниот имот, кој практично претставува обезбедување на доспеан долг, се ослободува и трансформира во имот кој повторно има своја вредност и се враќа на пазарот. Освен од економски аспект, ова е значајно и од аспект на заедницата, особено за заштитата на животната средина и примената на принципите врз кои се базираат ЕСГ-стандардите. Исто така развојот на секундарниот финансиски пазар ќе придонесе и ќе помогне за поголема примена и приближување на земјата кон практиките на Европската Унија и кон успешна хармонизација со постојните директиви кои веќе наоѓаат своја примена во земјите на ЕУ.