Како да се едуцираат пушачите внимателно да избираат алтернативи кога со закон не смеете да ги комуницирате овие производи?

GFN Warsaw 2024
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Минатата недела во Варшава се одржа 11. издание на Глобалниот форум за никотин

Тутунските и никотински производи никогаш не треба да бидат достапни за малолетниците и мора да има ограничувања за возраста, но забраните наметнати на сите полнолетни пушачи кога станува збор за алтернативите на цигарите без чад, ниту ќе им помогнат на пушачите да направат подобар избор, ниту ќе ги спречат малолетниците да ги набавуваат“, стои во заклучокот на панелот посветен на последиците од забраните во областа на тутунските и никотински производи.


„Алтернативите на цигарите, без чад се тука, без оглед на тоа што се случува во законодавството, односно дали овие производи се легални или нелегални во одредена земја“, рече британскиот новинар и автор Хари Шапиро на 11. по ред Глобален форум за никотин, што се одржа минатата недела во Варшава.

Лошата регулатива го загрозува јавното здравје

Од друга страна, Малезија е пример за тоа како несмасната регулатива во областа на тутунските и никотински производи може да го загрози јавното здравје. Оваа земја дозволи продажба на електронски цигари во 2023 година со Законот за тутун, но со строга законска регулатива во смисла дека тие не можат да се промовираат или рекламираат, и како што вели проф. д-р Шарифа Езат Ван Путех, тука настанува дел од проблемот.

„Исто така, поради недостигот од понатамошна регулатива и стандардизација, сведоци сме на раст на црниот пазар. Имаме огромен црн пазар не само за нелегален тутун, туку и за нелегалните електронски цигари, и тоа многу не загрижува, бидејќи како да им кажете на возрасните пушачи дека е подобро да се префрлат на електронски цигари, но и дека треба внимателно да ги изберат оние кои се контролирани и проверени, кога со закон не ви е дозволено ниту да ги комуницирате овие производи. Затоа се случува да имаме зголемен број на лица кои доаѓаат во итната помош поради колапс на белите дробови, медиумите известуваат за овие случаи, а немаме одговор на прашањата кои електронски цигари ги користеле овие лица, каков е нивниот квалитет, дали накнадно им е додаден никотин и во колкава количина… Поради ова се создава општ впечаток дека вејпот е лоша работа што не треба да се користи, што доведува до погрешна перцепција кај сите“, вели медицински експерт.

Шведска и Јапонија – позитивни примери

Како позитивен пример за оптимална политика за намалување на штетите, која ги намалува негативните последици од употребата на штетни производи и ги намалува негативните последици од владините регулаторни и прохибиционистички политики, Хари Шапиро ги издвојува Шведска и Јапонија.

„Шведскиот пример им е добро познат на речиси сите, а во Јапонија продажбата на цигари е намалена за околу 50 проценти во последните неколку години, што е веројатно најголем пад на продажбата на цигари насекаде во светот. Истовремено, зголемена е и употребата на тутунските производи кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот. Државата тука не се мешаше, колку што ми е познато, но им остави на потрошувачите можност да ја изберат оваа промена само врз основа на различни културни причини. На пример, во Јапонија постои елемент дека луѓето не сакаат да ги вознемируваат другите луѓе со чад од тутун“, вели Шапиро.

Електронски цигари и ароми за еднократна употреба

Коментирајќи ги рестрикциите во однос на забраната на електронските цигари за еднократна употреба поради еколошки причини и забраната на вкусовите поради потенцијалната привлечност за младите, Фиона Патен, основач и лидер на Австралиската партија на разумит и поранешен член на Законодавниот совет на сојузната држава Викторија смета дека решението лежи во регулирањето на пазарот, а не во забраните.

„Не се согласувам со забраната, но мислам дека постојат начини да се решат некои проблеми во врска со вејповите за еднократна употреба, без разлика дали се работи за пристап до младите луѓе или е тоа начин на кои се одложуваат, односно рециклираат, но тоа можете да го направите само на регулираниот пазар. Токму овие производи ми помогнаа да ги оставам цигарите и мислам дека тоа може да биде случај за многу други пушачи. Истото го мислам и за забраната за вкусови. Ако имате регулиран пазар, каде што производот се регулира и им се продава на возрасните пушачи, тогаш тие би требало да имаат можност да го изберат вкусот и благодарение на тоа полесно ги оставаат цигарите на црниот пазар, каде никој ништо не контролира. Со нерегулиран пазар, на децата им го олеснивме пристапот до овој производ, па сега постои погрешна перцепција дека тутунската индустрија се обидува да им продава електронски цигари на децата, што апсолутно не е случај“, вели Патен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK