Најмалку шест лица загинаа, а 30 се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во градот Банос де Агуа Санта во централен Еквадор, соопштија властите.
Свлечиштето е предизвикано од силно невреме кое во неделата ги зафати Централна и Јужна Америка, а предупредувања за лизгање на земјиштето и поплави беа издадени во повеќе земји, пренесува Ројтерс.
Властите во Ел Салвадор издадоа предупредување поради обилните врнежи, а во Гватемала неколку авиокомпании ги пренасочија летовите.