Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на кадровски решенија за новата влада

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.



„Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врска со единствениот суверен, народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и не чека мнпогу работа. Мора да ги засукаме ракавите оти состојбите се очајни“, изјави Мицкоски.

За заменик претседател на Владата и министер за транспорт тој го предложи Александа Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за култура предложен е Зоран Љутков, за министер за одбрана поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, предлог за министер за фининсии е Гордана Димитриевска- Кочовска, предлог за министер за надворешни работи е актиелниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, министер за локална самоуправа Златко Перински кој беше директор на скопски Водовод, потоа за информатичко општество Стефан Андоновски, за министер за спорт предложен е познатиот ракометар Борко Ристовски, за министер за енергетика Сања Божиновска, з министер за внатрешни работи Панче Тошковски кој до сега 4 месеци беше на оваа функција, Весна Јаневска е предлогот за министер за образование…

Мицкоски на прес-конференцијата рече дека ќе биде тешко, но дека ако требало да биде лесно ќе бил некој друг, а не ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK