Фудбалската репрезентација на Србија, вечерва во Гелзенкирхен, ќе дебитира на Европските првенства под ова име. Србите, во Д групата за противник ја имаат селекцијата на Англија.
Во Србија за разлика од Светското првенство во Катар, нема некоја голема еуфорија. Целта е да се помине групата, во која уште се Данска и Словенија.
„Многу сум порелаксиран, помирен во споредба со Катар. Верувам, ги чувствувам и играчите… Тогаш имавме мала болница со нас, сега е многу подобро“, рече српскиот селектор, Драган Стојковиќ и дополни.
„Зошто да не ги нападнеме Англичаните? Ја почитуваме моќта на Англија, Србија нема да чека и да гледа како игра еден од фаворитите на првенството. Ќе се обидеме да одиме напред, офанзивно. Го познавам тимот, би било глупо да не го знам. Убеден сум дека играчите ќе дадат се од себе за да ги испочитуваат договорите. Исто така го знам и англискиот тим, но тука ќе го оставам Саутгејт да зборува“.
Дуелот Србија-Англлија во Гелзенкирхен ќе започне во 21 часот.