Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 18.00 часот во село Тополчани, прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп.
Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.