Скопските полициски станици вчера добиле пријави за три лица каснати од кучиња скитници. Од тројцата каснати двајца се малолетни.
Првата пријава стигнала во Полициската станица Аеродром во 12 часот кога 52-годишен скопјанец пријавил дека на кејот на Вардар неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Половина час подоцна, 71-годишен скопјанец пријавил дека на улицата Васил Ѓоргов бил каснат од куче скитник, а вечерта во 19.30 часот, пак, во Полициската станица Гази Баба, 40-годишен скопјанец пријавил дека и неговиот син бил каснат од куче скитник на улицата Јани Лукровски.