Променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.