Сиљановска Давкова оствари телефонски разговор со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ: билатералните односи се пријателски, без отворени прашања

Foto-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.


Во разговорот беше потврдена посветеноста на двете држави за продлабочување на традиционалното партнерство, како и јакнење на регионалната соработка, при што претседателите оценија дека билатералните односи се пријателски, без отворени прашања, со континуиран политички дијалог и конструктивна соработка.

Двајцата соговорници изразија подготвеност и за продолжување на соработката во рамките на НАТО, а Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.

Сиљановска Давкова и Милановиќ разменија мислења за соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот.

Во разговорот стана збор и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Македонија, при што беше оценето дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и дека постои целосна подготвеност од двете страни за нивно дополнително унапредување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK