Гаши-Дуџак: нагласена потребата од унапредување на соработката на Собранието со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН и со агенциите на ОН во земјава

он-координатор-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.


ПГаши оцени дека средбата преставува одлична можност да се разменат информации и идеи како да се продлабочи соработка меѓу Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија. Истовремено, тој изрази благодарност до агенциите на ОН во земјава за активностите што ги спроведуваат во областа на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето, родовата еднаквост, рамномерниот регионален развој и слично, како и за нивната досегашна соработка со работните тела на Собранието.

Претседателот на Собранието се осврна и на вклученоста на законодавниот дом во Четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед за човекови права, со организирање на заеднички настан со Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН, работилница за градење капацитети на собраниската служба и учество на претставници од Собранието на Интерактивниот дијалог со Советот на човекови права на ОН. Тој, исто така, нагласи дека Собранието на Република Северна Македонија и во овој парламентарен мандат активно ќе учествува во работата на Интерпарламентарната унија (ИПУ), која е постојан набљудувач во Генералното собрание на ОOН и остварува плодна соработка со голем број на специјализирани институции и програми на Обединетите нации.

Постојаната координаторка на ООН Росана Дуџак информираше за активностите на Обединетите нации во Република Северна Македонија и нивната соработка со сите министерства, особено во врска со имплементацијата на Агендата 2030 и целите за одржлив развој (ЦОР). Таа се осврна и на досегашната успешна соработка со Собранието на Република Северна Македонија и ја нагласи подготвеноста на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН да се организира брифинг за новите пратеници за улогата на парламентите во постигнувањето на ЦОР.

Гаши и Дуџак разменија мислења за значењето на квалитетно образование и потребата за реформа на образовниот систем, како и идните насоки на делување на овој план, во соработка со УНИЦЕФ, УНЕСКО и другите меѓународни партнери.

Соговорниците се согласија дека во наредниот период треба да продолжи и да се унапреди плодната соработка на Собранието на Република Северна Македонија со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН и со агенциите на ОН во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK