Потпорниот ѕид на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, велат од Град Скопје

Screenshot-2024-06-10-161442.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поврзано со дезинформациите во јавноста а во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, Град Скопје ја известува јавноста дека нема законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти истото е во надлежност на Министерството за здравство на Македонија.


Попрецизно улицата Белградска е улица во надлежност и сопственост на општина Центар, за истата донесена е одлука на Совет за одржување од страна на Град Скопје, кое во ниту еден случај не значи изградба на улица ниту друг вид градежни активности врз нејзини делови. Изградба на општински улици е во надлежност на општините додека на Градот Скопје се надлежност булеварите и сообраќајниците кои се опфатени во ГУП.

Потпорниот ѕид кој е изграден со функција ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK