Нетанјаху го повика Ганц да ја промени одлуката за оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го повика актуелниот министер во воениот кабинет Бени Ганц да ја промени одлуката за оставка и да се врати во кабинетот.



Нетанјаху му порача на Ганц преку платформата Х дека „ова не е време да се откажеме, туку да ги здружиме силите“.

„Граѓани на Израел, ќе продолжиме до победата и да се постигнат сите цели на војната, што е најважно ослободување на сите наши заложници и елиминација на Хамас“, рече Нетанјаху.

Тој нагласи дека останува отворен за соработка со која било политичка партија која ја поддржува војната против Хамас и која ќе му помогне на Израел да победи во војната и да ја обезбеди безбедноста на израелските граѓани.

Израелскиот министер Бени Ганц вчера објави дека поднесува оставка.

На прес-конференцијата Ганц го повика премиерот Нетанјаху да одреди датум за избори и го повика „да не дозволи нацијата да се распадне“, пренесува Харец.

Ганц минатиот месец го извести Нетанјаху дека доколку до 8 јуни не претстави јасна стратегија за Појасот Газа по завршувањето на војната, ќе поднесе оставка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK