Очекувано: Акоста се сели во КТМ

motogp-valencia-november-testi-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

КТМ Рејсинг потврди дека Педро Акоста од наредната сезона ќе вози за фабричкиот тим. Младиот Шпанец со КТМ потпишал повеќегодишен договор.


Акоста, познат и како ‘Ајкула’, од почетокот на кариерата ги брани боите на австриската компанија, а од дебито во кралската класа за Гас Гас го привлече вниманиетот на сите љубители на мотоциклизмот.

Младиот Шпанец, кој минатиот викенд наполни 20 години, стигна до подиумот на својата втора трка во најсилната категорија. До Германското ГП има можност да го надмине рекордот на Марк Маркез, кој е најмладиот победник во историјата.

Акоста дебитираше во Мото шампионатот пред нешто повеќе од три години, во првата сезона ја освои титулата во Мото3, а минатата сезона тој успех го повтори и во Мото2.

Досега има забележано 16 победи и вкупно 29 подиуми на 59 трки.

Доаѓањето на Акоста значи дека КТМ ќе го напушти Џек Милер, Бред Биндер има договор за следната сезона.

Овој викенд во Мото ГП шампионатот се гледа Големата награда на Италија во Муџело. Акоста заврши на седмото место во квалификациите и за спринтот и за главната трка во недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK