ЗАПАДЕН БАЛКАН – ЕДНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ

Потпишување на меморандум
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Конгресот на САД во Вашингтон е потпишан Меморандум за соработка на стопанските комори на Западен Балкан во областа на туризмот

Стопанските комори од земјите на Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) во Вашингот, преку свои високи претставници, потпишаа заеднички Меморандум со Соединетите Американски Држави за соработка во областа на туризмот. Проектот, кој е прв заеднички чекор во претставувањето на Западен Балкан како единствена туристичка дестинација за американските посетители, треба да биде потврда за добрата регионална соработка. Притоа, беше истакнато дека соработката во туризмот може да има голем мултипликативен ефект врз многу други економски сектори и дека проектот е одлична можност за регионот.


Проектот треба да биде основа за создавање платформа за реализација на проекти кои се од заемен интерес и да го привлече вниманието на американскиот пазар на поинаков, позитивен начин. Заедничките иницијативи во областа на туризмот, кои веќе постојат во некоја форма во регионот, се многу значајни и ова е уште еден чекор на патот кон забрзување на соработката, за да се постигнат конкретни проекти кои ќе придонесат за раст на туристичкиот сообраќај и за зајакнување на економиите на сите земји.
За да се обезбеди побрз раст, треба да се ажурираат туристичките политики, стратегии и регулативи и мора да се направат натамошни инвестиции во развојот на производи, а потврда за тоа се и податоците за годишниот индекс на конкурентност на туристичката индустрија, кој на секои две години го креира Светскиот економски форум и кој поголемиот дел од земјите од регионот ги рангира на ниско ниво: Словенија на 39. место, Хрватска на 46., Црна Гора на 67., Србија на 70., Албанија на 72., Северна Македонија на 87., а Босна и Херцеговина на 95. место.


Активноста за потпишување на Меморандумот е во организација на Трансатлантската мрежа на лидери и на Европскиот центар на Атлантскиот совет од Вашингтон, во рамките на дводневниот Економски форум на Југоисточна Европа (20 и 21 мај 2024 година), кој се одржа во Конгресот на САД, а во чии рамки, покрај за регионалната соработка, за што дискутираа претставниците на коморите од Западен Балкан, беа реализирани и панел-дискусии за енергетиката, за диверзификацијата на енергетските ресурси и за предизвиците и можностите што ги дава транзицијата на зелената енергија, за реформите во судството и за борбата против корупцијата и организираниот криминал, проблеми со кои се соочуваат сите земји во регионот, но и за дигитализацијата, банкарството и за можностите за финансирање на бизнисите.
На дводневниот настан учествуваа државни претставници на САД, претставници на комори, деловни здруженија и на американската администрација и експерти кои се занимаваат со Западен Балкан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK