„Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови“, вели Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

lekovi-apteki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови! Наместо нова позитивна листа, на големо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање на нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови“, пишува Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.


„Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува континуитетот во снабдувањето.

Во перидот до назначување на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, апелираме сите оние кои особено сега се интензивно вклучени во процесите за набавки на лекови, да бидат совесни и свесни за периодот кој следи.

Укажуваме дека периодот кој ќе следи ќе биде историски значаен период за здравствениот систем во Македонија.

1. Ќе се работи интензивно и професионално за воспоставување добро познати позитивни процеси со цел обезбедување повеќе лекови за сите пациенти по поволни цени и пониски трошоци, и за пациентите и за системот што делумно ќе го реконструираме и преку позитивната листа.

2. Ќе се работи домаќински со добро планирање, мониторирање и контрола на прометот и јавните набавки на лекови со цел лековите да ги добијат сите пациенти.

ВМРО-ДПМНЕ со Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на непотизмот, корупцијата и криминалот во здравството, а ќе воведеме мерит систем, нови лекови на позитивна листа, соодветни услови за работа на медицинскиот кадар“, се наведува во фб статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK