На сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана

SVADBA-Ana-Sokolovikj-svadba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ.


„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек.

Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и Ања Земљариќ, мецосопран

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK