Невреме и град во Нови Пазар: Повеќе од час и половина врнеше дожд, поплавен е и центарот

nk-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово ситуацијата во Нови Пазар е мирна и по вчерашното излевање реките во текот на ноќта полека се повлекуваа.


Невремето вчера траело три-четири часа,  имало силен дожд и град кој траел над час и половина. Реките се излеаа, особено проблематична беше Трнавица бидејќи целата вода од планината Рогозна се слеваше кон реката и градот.

Но, водата не предизвикала преголема материјална штета како претходните години, туку навлегла во дворовите, бавчите и подрумите, па некои семејства морале да бидат евакуирани.

Во некои делови од градот наврнале 80 мм дожд на метар квадратен. Блокирани се одредени рурални патишта, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во текот на ноќта се е санирано и сите патни правци кон Нови Пазар се проодни.

Во Нови Пазар вчера е прогласена вонредна состојба, во тек е седница на штабот за вонредни ситуации, а за попладне се најавени нови врнежи.

Под вода беше и центарот на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK