Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси (17) го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави клубот. Откупната клаузула во договорот изнесува 500 милиони евра.
Пау Кубарси, кој беше вклучен во првиот тим од тренерот Чави Ернандез минатиот јануари, доживеа метеорски подем и се етаблира како стартер практично од своето професионално деби.
Каталонецот беше повикан во шпанската репрезентација по само десет одиграни натпревари во прифесионалната кариера, а веројатно ќе биде и во составот на Шпанија на Европското првенство во Германија.