Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија е најдобро рангирана земја во регионот по слобода на медиуи, истакна Венко Филипче носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
,,Македонија во 2024 година го постигна сопствениот рекорд во последните 15 години во Индексот на слободата на медиумите според „Репортери без граници“. Годинава се наоѓа на 36-то место и е најдобро рангирана од сите земји во регионот. Ова е потврда за позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите. Слободни медиуми се слика на секое демократско општество”, смета Филипче.
Тој посочи дека граѓаните не треба да дозволат да ја изгубиме демократијата и слободата.
,,Без слобода, без независни медиуми, без професионални новинари ќе го изгубиме и развојот и напредокот на државата. Уште многу треба да се направи за подобрување на општата медиумска ситуација во земјата, но курсот кој го поставивме е правилен” вели Филипче.
Носителот на листата во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче истакна дека во следниот мандат СДСМ мора да се фокусира на повисок животен стандард на новинарските и медиумските работници.
,,Тоа директно ќе влијае на објективноста во известувањето, во служба на граѓаните, а не во политичките и бизнис елити”, рече Филипче.