Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

biznis-forum-dogovor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето, како и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донесе избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија.

Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаиите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема во предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување.


Членките на Групацијата истакнуваат дека Република Северна Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите. РСМ е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сеуште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите.

Со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK