Фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на спортските новинари.
Фудбалерот на „Граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, постигна 16 гола и запиша седум асистенции.
Во ФА купот одигра четири натпревари на кои постигна два гола, додека во Лигата на шампионите одигра осум натпревари, забележа пет гола и три асистенции.
Манчестер сити го заврши учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Реал Мадрид, но се уште има шанса да се бори за титулата во Премиер лигата.
Арсенал моментално е прв на табелата во англиското фудбалско првенство со 80 бодови, додека Сити има бод, но и натпревар помалку, па финишот на сезоната ќе биде неизвесен.
Избраниците на Пеп Гвардиола на 25 мај ќе се борат за трофејот во ФА Купот против Манчестер Јунајтед во финалето.