Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговори на прашањето дали како партија би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ да формираат Влада, во случај да не успеат да стигнат до 61 пратеник.
Ковачевски вели: „Оној кој што не може да формира Влада, значи дека ги изгубил изборите“.
Прашан за коментар за кампањата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски рече дека јавно ги осудил изјавите и на Ахмети во однос на скандирањето на плоштадот Макеоднија.
„Тие работи не’ враќаат 20 години наназад, во едно закопано минато кое сме го надминале со Охридскиот договор и членството во НАТО благодарение на СДСМ, и сме го надминале со почетокот на преговорите со ЕУ,истотака благодарение на СДСМ. Истовремено упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката на таа партија Сијановска дека националистичката реторика не води никаде“, рече Ковачевски.
Како што рече, СДСМ е единствената партија којашто се бори за мултиетничко општетство, рамноправност на сите граѓани и интеграција во Европската Унија.