Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Stop smoking
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Резултатите од новото истражување објавено од фирмата Povaddo откриваат дека меѓу Европјаните постои општо прифаќање дека алтернативите без чад, како што се тутунските производи на база на загревање и електронските цигари се разумни алтернативи за цигарите и дека ЕУ треба внимателно да ги разгледа последиците од даночните политики кои се однесуваат на нив.

Две третини (66 проценти) од полнолетните испитаници во Европа веруваат дека пушачите може да бидат поттикнати да се префрлат на научно засновани алтернативи со помало оданочување на овие производи во однос на цигарите, но доволно високи за да ги одвратат младите и непушачите од нив.


Истражувањето кое го спроведе независната фирма за испитување на јавното мислење Povaddo за компанијата Филип Морис Интернешнл (PMI) на над 14.000 возрасни испитаници во 13 европски земји, покажа дека 65 отсто од испитаниците сметаат дека оние што донесуваат одлуки при креирањето регулативи за тутунските и производите што содржат никотин не го земаат в предвид влијанието на таквите одлуки врз самите пушачи.

Покрај тоа, 66 проценти од возрасните лица од општата популација ширум Европа се согласни дека организациите како што се ЕУ и СЗО (Светската здравствена организација) треба повеќе да се занимаваат со намалувањето на штетаа, така што ќе ги поттикнуваат пушачите да користат помалку штетни производи наместо да се обидуваат целосно да го укинат консумирањето на тутун.

Владите можат да помогнат и во подобрувањето на јавното здравје преку заговарање политики, кои ги поттикнуваат полнолетните пушачи да преминат на иновативни алтернативи без чад, кои имаат потенцијал да бидат помалку штетни од продолжување со пушењето цигари, сметаат двајца од тројца испитаници.

„Резултатите од ова истражување говорат дека постои јаз меѓу креаторите на политиките и граѓаните што тие ги застапуваат и ги претставуваат кога станува збор за тутунската политика“, рече претседателот на компанијата Povaddo, Вилијам Стјуарт. „Пристапот на политиката на ЕУ е повеќе насочен кон нереалната цел за целосно елиминирање на употребата на никотин, додека мнозинството од јавноста е насочено кон прагматичниот концепт за намалување на штетите од пушење и поттикнување на пушачите да користат помалку штетни производи со никотин“.

Покрај тоа, истражувањето покажува дека 74 отсто од испитаниците се согласуваат дека забраната на одредени тутунски и никотински производи всушност нема да доведе до намалување на консумирањето. Наместо тоа, корисниците едноставно ќе ги бараат овие производи на црниот пазар. Речиси ист процент граѓани на ЕУ веруваат дека нелегалната трговија со тутунски и никотински производи може да има сериозни негативни последици за сигурноста, безбедноста и јавното здравје во нивната земја.

„Заклучокот е дека илегалната трговија со тутунски и никотински производи се смета како проблем низ Европа и луѓето се свесни за негативните последици што доаѓаат од тоа“, вели Стјуарт. „Постои јасен став во јавноста дека владите треба да ја земат предвид нелегалната трговија кога одлучуваат како да ги регулираат и оданочат овие производи, а многумина сметаат дека тоа не е случај во овој момент“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK