Мајами го изедначи резултатот против Бостон на 1:1, а Оклахома победе со 2:0 во серијата против Њу Орлеанс.
Мајами и без Џими Батлер победи во Бостон со 111:101. Мајами против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната постигна 23 тројки, што е рекорд на франшизата во плеј-офот.
Тајлер Хиро погоди шест тројки, а Кејлеб Мартин пет, тие беа и најефикасни во редовите на франшизата од Флорида.
Хиро постигна 24 поени со 14 асистенции и пет скока, додека Мартин додаде 21 поен, колку што имаше и Бем Адебајо, кој додаде и десет скока со две асистенции. Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ забележа 11 поени (тројки 3/4), девет скока и шест асистенции.
На другата страна Џејлен Браун постигна 33 поени со осум скока и асистенции, додека Џејсон Тејтум имаше учинок од 28 поени со осум скока и три асистенции.
Оклахома максимално ја искористи предноста на домашниот терен во пресметката со Њу Орлеанс.Тандери го декласираа противникот со 124:92.
Шаи Гилџис-Александер, кандидат за МВП признанието, повторно беше првата виолина на Тандер.
Тој постигна 33 поени со три скока и пет асистенции и две украдени топки. Расположен беше и Чет Холмгрен кој постигна 26 поени со седум скока и асистенција, додека Џејлен Вилијамс додаде 21 поен.
На другата страна, Јонас Валанчиунас постигна 19 поени, Брендон Играм и Херберт Џонс додадоа по 18, додека Си Џеј МекКолум постигна 15 поени.