(Видео) Лукас Васкез одигра нестварен меч, Белингем во 91.минута го реши Ел Класико

12173971.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 и на шест кола до крајот на сеозната стекна предност од 11 бода во однос на најголемиот ривал. Реал победи со голот на Џуд Белингем во 91.минута. Блескаше на натпреварот Лукас Васкез, изнуди пенал, го постигна голот за 2:2 и на крајот му асистираше на Белингем.


Стартот на мечот им припадна на гостите од Барселона. Кристенсен во шестата минута го шокираше „Сантијаго Бернабеу“. Данецот ја искористи лошата проценка на голманот Лунин и го постигна 300. гол за Барселона во пресметките со Реал.

Две минути подоцна Винисиус промаши чиста шанса.

Во 18.минута Винисиус изедначи од пенал. Претходно Лукас Васкез со прекрасен дриблинг го осфрли од игра Кансело, а потоа се закачи за ногата на Кубарси.

Во 30.минута спорен момент, која ВАР го проверуваше неколку минути, на крајот пресуди дека топката по обидот на Ламине Јамал не ја минала гол линијата со целиот обем.

Вториот дел започна бавно и во такво темпо се играше до 70.минута, кога Фермин Лопез ја врати предноста на Барселона. Каталонците водеа само три минути, кога по асистенцијата на Винисиус, играчот на натпреварот Лукас Васкез изедначи на 2:2.

И во оваа ситуација очајна реакција во одбраната имаше Жоао Кансело, кој стоеше премногу далеку од својот човек.

И кога сите очекуваа крај на натпреварот, Дијаз повлече една топка, го проигра Васкез, а овој упати иделан центаршут до Белингем кој стави точна на Ел Класико и на шампионската трка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK