(Видео) Опасни поплави ѝ се закануваат на кинеска провинција, над 127 милиони луѓе се евакуирани

FotoJet-2024-04-21T134242.538.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големите реки, канали и езера во кинеската провинција Гуангдонг се соочуваат со опасни поплави, поради што владата денеска одобри акционен план за итни случаи за заштита на повеќе од 127 милиони луѓе.


Нарекувајќи ја ситуацијата „сериозна“, локалните метеоролошки власти рекоа дека делови од реките и притоките во речните сливови Ксиџијанг и Пејџијанг го достигнуваат највисокото ниво на водата, што се случува само еднаш на секои 50 години, според државната телевизија CCTV во неделата.

Огромни поплави се очекуваат во басенот Пејџијанг, објави CCTV, повикувајќи се на кинеското Министерство за водни ресурси, кое издаде итно предупредување.

Официјални лица во провинцијата Гуангдонг ги повикаа локалните власти да започнат со планирање вонредни состојби за да се избегне природната катастрофа и да се дистрибуираат средства и материјали за да се обезбеди храна, облека, вода и засолниште за погодените луѓе.

Покраината изминативе неколку дена се соочува со обилни врнежи и силен ветер поради топлотниот бран, кој во последните неколку недели зафати неколку делови на Кина.

Силен дожд паѓаше 12 часа, почнувајќи од 8 часот навечер во саботата по локално време, во централните и северните делови на покраината во Жаокинг, Шаогуан, Кингјуан, Џиангмен.

Речиси 20.000 луѓе се евакуирани во Кингјуан, според државните медиуми, а дел од енергетската инфраструктура е оштетена во Џаокинг, каде на некои места имало прекини на струја.

„Погледнете го округот Хуаиџи во Џаокинг, кој стана град на вода. Постарите и децата во руралните средини не знаат што да прават без струја и сигнал“, рекол корисник на популарната социјална мрежа Веибо.

Калливите води од поплави однеле едно возило во тесна улица во Џаокинг, се вели во видеото објавено од медиумот Hongxing News.

„Синоќа врнеше дожд како водопад час и половина на автопатот додека се возев дома. Воопшто не можев да го видам патот”, рекол друг корисник на Веибо.

Многу хидролошки станици во покраината бележат нивоа на вода повисоки од нормалното, предупредија метеоролошките експерти, а во главниот град на провинцијата со 18 милиони жители, Гуангжу, езерата го достигнаа врвот на нивото на водата, соопштија градските власти во неделата.

Податоците покажуваат дека 2.609 хидролошки станици забележале повеќе од 50 милиметри врнежи, што се однесува на 59 отсто од сите хидролошки станици. Дваесет и седум хидролошки станици во Гуангдонг беа во подготвеност во осум часот наутро во неделата.

Во соседната провинција Гуангкси, западно од Гуангдонг, силните ветрови уништија згради, покажуваат снимките објавени од државните медиуми. Некои места беа погодени и од град и големи поплави, соопшти CCTV.

На друго видео може да се видат спасувачките тимови како се обидуваат да спасат постаро лице прилепено за дрво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK