Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

nbrm_234234324234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напредокот во подготвување на апликацијата за пристапување на земјата во Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, беше една од темите на дискусија на состаноците со  Светската банка (СБ) во рамки на Пролетните средби.  На средбите помеѓу македонската делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, со  заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат, со нивните тимови, беше истакната посветеноста на Народната банка кон забрзување на процесот на интеграција на земјата во платежната инфраструктура на ЕУ, преку приклучување во СЕПА. Пристапот на земјата во СЕПА ќе им овозможи на граѓаните и фирмите поевтини и побрзи прекугранични безготовински плаќања кон 36 земји во Европа, од кои 27 се членки на ЕУ.

Светска банка изрази задоволство од прогресот кој Народната банка го прави при подготовка на СЕПА апликацијата, која се очекува наскоро да биде поднесена до надлежните европски институции. Народната банка и инволвираните институции во земјата, со поддршка на експертите од Светската банка, работат на ефективно усогласување на примената на регулативите и практиките на ЕУ и СЕПА во национални рамки, за што поскоро пристапување на земјата кон СЕПА. Севкупно, техничката поддршка од Светска банка за подготовката на земјата за исполнување на условите за пристапување во СЕПА е значаен чекор за интеграција во европската платежна инфраструктура и зголемување на сигурноста и ефикасноста на прекуграничните плаќања во евра, а со тоа и поголема трговска и финансиска интеграција со земјите од СЕПА.


На средбите со Светската банка беа дискутирани и многу други тековни проекти, како техничка помош за натамошно унапредување на анализите на финансиската стабилност, пред сè во доменот на климатските ризици. Светската банка дава поддршка во подготовката на подзаконската регулатива за Законот за решавање банки, а исто така ќе обезбеди и поддршка на Народната банка во развивање на методологија за развој на стрес-тестирање од климатските ризици. Од страна на Народната банка беше поздравена континуираната поддршка која Светската банка ја дава кон јакнењето на капацитетите и процесите на нашата централна банка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK