Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа се’ уште не се потврдени

bujar-osmani.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Oткако САД денеска препорачаа до нивните граѓани да не го напуштаат Тел Авив и главните центри на Израел поради можни напади, не е исклучена можноста и македонското МНР да упати порака за претпазливост до нашите државјани таму.


„Во текот на денот и ние ќе ги информираме нашите граѓани, иако постојано сме во комуникација со тие што се таму“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што рече нема нови пријави од наши граѓани кои се наоѓаат во Израел и во регионот на Блискиот исток за евентуална евакуација.

По објавата на западните медиуми дека Израел утрово го нападнал Иран, Османи изјави дека постојано се следи состојбата, а утринава повторно разговарал со нашиот амбасадор во Израел.

„Имало некои информации дека во текот на ноќта Израел го има нападнато Иран, меѓутоа се уште не се потврдени и затоа не ве информирав по тоа прашање. Меѓутоа тоа се информациите од утринскиот разговор што го имав со нашиот амбасадор, но немаме барање ниту преку СОС телефонот ниту преку нашата Амбасада за евакуација“.

Сите државјани кои имаат потреба од евакуација можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK