Лирој Сане има чудна повреда поради која не може да седи

2149032391.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лирој Сане, во средата, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Баерн, кој преку Арсенал избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер повреден го одиграл тој натпревар и дека планира да игра до крајот на сезоната.


Сане има чудба повреда поради која не може нормално да седи.

Како резултат на тоа, тој не поминува време со соиграчите пред и по тренинзите, а тешко му е и да патува.

Но, и покрај тоа, му порачал на тренерот Томас Тухел дека не размислува да прави пауза за да ја лечи повредата, особено не сега кога Баерн Минхен го очекува двомеч со Реал Мадрид.

Сане има повреда на срамната коска, односно на препоните, една од трите главни коски на карлицата. Германските медиуми пренесуваат дека Сане под блокада го одиграл реваншот од четвртфиналето со Арсенал, но дека по натпреварот имал сериозни болки.

Напуштајќи го стадионот, тој наводно им рекол на тренерот и соиграчите дека ќе продолжи да тренира и да игра како ништо да не се случило, особено што поради повреди мечот го пропуштија Серж Гнарби и Кингсли Коман.

Сезонава Сане има девет гола и 13 асистенции на 39 настапи во дресот на Баерн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK