Се работи за првото прозно дело за деца од авторката Обухова (прво излегување од рамките на научната литература во уметничката). Авторка на илустрациите е писателката Обухова, а корицата е дело на Обухова и Катерина Влаќеска.
Во книгата се зборува за близнаците Марко и Марика, кои живеат во нашиот древен Охрид. Тие многу ги сакаат животните и со сите сили се трудат да им помогнат, поради што дури стануваат асистенти на локалниот ветеринар. Но и покрај сето тоа, дома не им дозволуваат да чуваат животни.
Еднаш во градот се отвора продавница за миленичиња чиј сопственик ја носи со себе малечката внука Теа. Родителите на девојчето се разведуваат и таа многу тешко го доживува тоа.
Наскоро децата откриваат дека во продавницата не живеат само обични животни туку и сосема чудни суштества чија задача е да им помагаат на луѓето. А тоа значи дека можат да ѝ помогнат и на самата Теа. И од тој момент започнуваат авантурите на тројцата другари и нивните помошници од животинскиот свет.
Промоција на книгата
„Продавница за чудни миленичиња“
Од др. ЕЛЕНА ОБУХОВА
Недела од 16.00 до 16.45 часот
Промотор: д-р Емил Ниами
Место: Промо центар на Саем на книга 2024