Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивните компании за вработување – Настан Работодавач на Годината

rabotodavac_0001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа 17 Април 2024 во Хотелoт Лимак, Скопје се случи втората по ред Манифестација за избор на наjпосакуван работодавач „Работодавач на годината“, а во организација на првиот сајт за огласи за работни места во земјава Вработување.ком

Концепирана како Оскари за работодавачите, оваа манифестација прв пат се случи минатата година оддавајќи им признание на најпосакуваните, но и предизвикувајќи ги помалку атрактивните.


Оваа година пред присутни 300 посетители македонски и странски компании, им се оддаде признание на најатрактивнте за 2023 година, кои со своите огласи и објави предизвикале најмногу внимание кај посетителите на сајтот, а и спроведената анкета за привлечноста на компаниите за вработување ја потврдува нивната атрактивност.

Манифестацијата ја отвори Генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков, кој нагласи дека ова е еден исклучително тежок период за пазарот на труд и токму заради тоа ваквата манифестација е охрабрувачка за сите компании кои се дел од македонскиот бизнис.

– Вечерва нема да има губитници, ќе имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници затоа што заеднички опстојуваме и се бориме за човечки ресурси, се бориме со миграциите, со инфлацијата и со пребрзото технолошко менување на светот. Но, ќе заклучам ако во маката јунакот се познава тогаш сите ние овде присутни компании сме јунаци – заклучи Велков.

Беа доделени награди во вкупно 8 категории, а една копанија ја доби титулата апсолутен победник.

Добитници на наградите :

  1. Најпосакувана болница за вработување АЏИБАДЕМ СИСТИНА
  2. Најпосакуван маркет за вработување ЛИДЛ
  3. Најпосакувана компанија за вработување во категорија храна и пијалоци СКОПСКА ПИВАРА
  4. Во категоријата најпосакувана банка за вработување добитник е КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
  5. Најпосакувана компанија од категоријата странски инвестиции е ЏОНСОН МЕТИ
  6. Најпосакувана компанија од нафтената индустрија е МАКПЕТРОЛ
  7. Најпосакуван телекомуникациски оператор во кој граѓаните со задоволство би се вработиле е ТЕЛЕКОМ
  8. Во категоријата најпосакувана компанија за транспорт и логистика добитник е ТАВ МАКЕДОНИЈА

Апосолутен победник пак, во однос на сите добитници, според бројот на гласови на анкетата и направената статистика на број на прегледи како и интересот на апликантите за нивните објави на сајтот Вработување.ком, е компанијата АЛКАЛОИД која со оваа титула се закити и минатата година.

Останувајќи и оваа година прва компанија во која луѓето без размислување би се вработиле, АЛКАЛОИД ја докажа својата апсолутна доминација во однос на посветеноста на своите сегашни и идни вработени.

Заблагодарувајќи се за наградата Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов им одаде признание на своите 3000 вработени потенцирајќи ги годините на опстојување и традиција на Алкалоид – вкупно 88.

Нагласи дека и понатаму вистинските вредности ќе бидат на прво место во нивната компанија, дека им е чест што по втор пат се одбрани за најатрактивна компанија за вработување во Македонија и изрази надеж дека и во останатите 22 единици кои се надвор од Македонија во иднина ќе го добијат ова признание.

На манифестацијата беше доделена и една специјална награда.

„Работодавач со најуспешен ребрендинг раст“ која отиде во рацете на РЕПЛЕК, а за „Најуспешна емплоер брендинг кампања“ статуетката отиде во рацете на Флекс Кредит.

Продолжете со читање на вработување.ком

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK