Филаделфија го освои седмото место во Источната конференција во НБА лигата, а са осмото ќе играат Чикаго Булас и Мајами Хит. Изминатата ноќ, дуелот на Филаделфија и Мајами заврши 105:104, додека Чикаго Булс ги збришаа Атланта Хокс со 131:116.
Филадлефија, во плеј-ин мечот против Мајами, на домашен терен, успеа да се врати од негативата од 14 поени и во пенал завршницата да ги совлада Хит. Ветеранот Николас Батум го иницираше пресвртот. 39-годишникот одигра како во најдобрите денови од кариерата, со 20 поени беше втор најдобар стрелец на Филаделфија. Џоел Ембид ги предводеше победниците со 23 поени и 15 скокови.
Кај Мајами се истакна Тајлер Хиро со 25 поени и девет асистенции.
Филаделфија во првото коло, во плеј-офот ќе игра против Њујорк Никс.
Борбата меѓу деветтиот и десеттиот тим на Истокот не донесе никакв а неизвесност. Чикаго лесно славеше над Атланта 131:116.
Блескаше кај Чикаго Коби Вајт со 42 поени, девет скока и шест асистенции, Никола Вучевиќ додаде 24, со 12 скока и две асистенции и ДеМар Дерозан забележа 22 поени, девет асистенции и шест скока.
Атланта имаше четворица играчи со 20+ поени, но тоа не беше доволно да го избегне поразот.
Дижонте Мареј имаше учинок од 30 поени, седум скока и шест асистенции, Клинт Капела забележа 22 поени и 17 скока, Треј Јанг 22 поени и 10 асистенции, а Богдан Богдановиќ 21 поен, пет скока и четири асистенции.
Во сабота еден час по полноќ Мајми и Чикаго ќе решат кој ќе им се спротивстави на Бостон Селтикс во првата плеј-оф рунда.