Трајковски: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор

thumbnail_слика-24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уште еднаш се потврдува дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор, изјави Горан Трајковски, член на ЦО на СДСМ.


„Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот.

А Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани.

Не само Мицкоски туку и целото ДПМНЕ, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени.

ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ во македонското собрание.

Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓани, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања.

На Мицкоски воопшто не може да му се верува“, рече Трајковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK