Кристијано Роналдо ќе ги пропушти следните два натпревари на Ал Наср, одлучи Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.
Роналдо во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија, против Ал Хилал, доби црвен картон против Ал Хилал. Португалецот поцрвене откако со лакт удри противнички фудбалер.
Тоа на Роналдо не му беше доволно, па саркастично ракоплескаше, а по излегувањето од теренот покажа кон судијата и побара од публиката да плеска по него.
Покрај двата натпревари суспензија, Роналдо е казнет и со 5.500 евра.