Светскиот ден на книгата и авторското право во Универзитетската библиотека

NUB_-POKANA_24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод претстојниот Светски ден на книгата и авторското право, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје на 22 април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, ќе го организира веќе традиционалниот настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката.


За време на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ќе бидат прочитани светската порака од генералната директорка на УНЕСКО Одре Азуле и македонската порака што оваа година ја напиша нашата позната поетеса, пијанистка и композиторка Ива Дамјановски, а извадоци од делата на легендарниот писател Мигел де Сервантес ќе прочитаат дел од дипломатскиот кор на земјава.

На одбележувањето ќе се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Рахметула Куќи и амбасадорот на Кралството Шпанија Хосе ЛуиснЛозано Гарсија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK