Во градот Џанкој, на Крим, се слушнале експлозии во околината на воениот аеродром во близина на овој град, изјавиле жителите, а пренесува „Укринформ“.
Министерството за транспорт на Крим, под руска администрација, соопшти дека делот од автопатот Џанкој-Феодосија е привремено затворен за сообраќај и дека е организирано заобиколување, пренесува РИА Новости.
Во соопштението на министерството не е наведена причината за затворањето на автопатот, а не е наведено ниту дека дошло до експлозија кај Џанкој.